Познатиот музичар и некогашен лидер на групата „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, и го кажа судбоносното ДА на својата тридецении помлада избраничка Камила Чевис, со која се забавуваше со години.
Иако не ја загуби енергијата и желбата за брачна идила во својата осма деценија, по церемонијата што се одржа на неговиот имот во Њујорк, накратко на Твитер напиша:
„Толку сум среќен, една е во милион“.
Тие се запознаа пред неколку години по една негова свирка, а симпатиите блеснаа уште при првиот разговор. Инаку Чевис била возач на славниот музичар, а по настапот таа го возешла од стадионот до хотелот каде што отседнале тој и членовите на бендот.
Овој необичен пар беше фотографиран заедно за прв пат во 2019 година, кога се појавија на Филмскиот фестивал во Венеција, а по тој повод, Роџер посочи каков комплимент упати кон идната избраничка за време на првата средба.
„Еден ден и реков: Извини, дали некој ти кажа дека имаш убави јаболчници“?
Шармантната црнка не е поддржувач на јавниот живот, па затоа ретко се појавува покрај мажот на својот живот.
Фото: Profimedia