Радио Милева „политичко проветрување“

Панчо – ДНК: Беровскиов воздух во Аеродром одма те освестува

Панчо – ДНК: Беровскиов воздух во Аеродром одма те освестува

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски е речиси извесна уште во првиот круг.

Владимир Блажев познат како Панчо од групата ДНК како еден од поддржувачите на Муцунски кој живее во населбата Јане Сандански односно Аеродром, напиша интересен статус на социјалните мрежи.

„Станувам, излагам на тераса и ова Беровскиов воздух во Аеродром одма те освестува. Бреееј што ти значи кислород“ –  напиша  Панчо – ДНК на својот Фејсбук профил, асоцирајќи на потеклото на Муцунски и неговата извесна градоначалничка функција како нов градоначалник на општина Аеродром и секако „политичкото проветрување“ во оваа голема скопска општина.

 

To top