Мегафон книжевност и литература

Во сабота, 16-ти октомври точно напладне: Промоција на книгата „Дремка за двајца“ од Братислав Димитров во „Пелистер“

Во сабота, 16-ти октомври точно напладне: Промоција на книгата „Дремка за двајца“ од Братислав Димитров во „Пелистер“

На 16-ти октомври, сабота во градската кафеана „Пелистер“ во Скопје со почеток во 12.00 часот или точно напладне,ќе се одржи промоцијата на новата книга на познатиот македонски драматург, пистаел, автор, колумнист… Братислав Димитров – Бато.

Книгата носи наслов „Дремка за двајца“ и како што и самиот автор вели, е избор од стари, но и многу нови колумни и раскази кои имаат за цел да ја насмеат до солзи читателската публика и разбудат многу позитивни чувства и емоции во овие тешки времиња.

Книгата не содржи дневна политика и изобилува со многу хумор и страст, каков што е впрочем и сензибилитетот на личноста и на самиот автор.

Промоцијата на книгата „Дремка за двајца“ на Братислав Димитров ќе се одржи на отворено, според важечките протоколи за организирање настани, кои во целост ќе бидат запазени и испочитувани.

 

 

To top