Соседите ја разоткрија вистинската Ана Николиќ: „Често ја гледаме со еден помлад маж, изгледа тоа е нејзиното ново момче“
Соседите на Ана Николиќ тврдат дека во последно време често ја гледаат пејачката во друштво на помладо момче, па наводно само се разделуваат кога Ана ја носи ќерката во градинка.
Неодамна во медиумите се појавија вести дека наводно Ана Николиќ е во врска со електричар од Белград, Дејан Николиќ, но таа ги демантираше овие пишувања.
„Ја гледаме Ана со еден ист маж, претпоставуваме дека тоа е нејзиното ново момче. Тој со неа се однесува како џентламен, често доаѓа по неа, ја вози каде ќе посака, секојпат и отвара врата и помага да влезе во автомобилот“ вели една повозрасна сосетка која живее на иста улица како и Ана.
„Не знам дали се преселил кај неа, но често доаѓа. Ми изгледаат заљубено. На почетокот само другарски одеа до автомобилот, а сега разменуваат и нежности и често се држат за рака“.
Соседот кој живее во близина до влезот на Ана Николиќ открива дека пејачката наутро ја води својата ќерка во градинка, но и дека попладне доаѓа нејзиното ново момче и Ана тогаш е „скоцкана“ од глава до пети.
„Драго ми е што конечно има некој нов. Се гледа дека блеска од среќа и веднаш трчи во негова прегратка. Изгледа како да е заљубена од уши и јас навистина и посакувам да има некое момче покрај себе бидејќи заслужува. Досега сама излегуваше на улица, ретко некој да им доаѓаше на гости, а потоа се случи и тоа што се случи со Раста и неговото заминување во затвор, и заслужува да најде нова љубов“ вели еден повозрасен господин.
Останатите соседи велат дека се навикнале на Ана и нејзиното однесување, односно дека пејачката некогаш знае да ги поздрави, а некогаш само да помине.
„Сите ние имаме жолти минути, затоа никој не се лути ако помине и се прави дека не не гледа. Има денови и кога пред нашата куќа се фотографира, навикнати сме да ја гледаме во различни изданија, вели брачен пар од соседство и додава:
„Никој не може да каже дека не е пожртвувана мајка. Често гледам како ја води ќерката некаде и често позираат“.
фото: Инстаграм/ана николиќ