Меган Фокс во заедничкото интервју со нејзиното момче Машин Ген Келијем за британскиот „GQ Style“ проговори за своите несигурности.
Актерката изјави дека поради телесна дисморфија ( пореметување кое се јавува и кај мажите и кај жените) се бори со многу несигурности, иако многумина ја сметаат за најубава жена во светот.
„Да, имам телесна дисморфија. Се борам со многу длабоки несигурности. -Да имам телесна дисморфија. Имам многу длабоко вкоренети несигурности. Никогаш не смееме да претпоставуваме како некој се чувствува. Да ја погледнете личноста и да кажеме, колку е убава, мора животот да и е лесен. А сигурно е дека личноста не се чувствува така одвнатре, вели Меган.
Телесна дисформија е сериозно психичко пореметување кое на лицата им создава чувство дека делови од нивните тела се деформирани, неатрактивни, одвратни, додека реално недостатокот кој им пречи е едвај видлив или не постои. Лицата кои страдаат од ова пореметување се чувствуваат дека другите во нив гледаат Човек слон. Незадоволството најчесто е усмерено на лицето и главата, делови од лицето и на кожата.
Поремтувањето на Меган Фокс е можна причина за нејзните естетски корекции и филери кои ги користела во лицето.
фото: profimedia/OConnor-Arroyo/Press Association/PIXSELL