Претходната недела во градот Надаш се одржа оценување на вина во организација на винскиот магазин „Pecsi Borzo“, а од 130 дегустирани вина, награда освоија и две српски вина.
Станува збор за виното од винаријата од Шида, чии сопственици се Слободан Боба Живојиновиќ и неговиот партнер и соработник со кој сега е на суд, пишува стори.рс
Имено, сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ е препознатлив по винскиот бренд, но дошло до конфликт со неговиот кум и соработник, па завршиле на суд.
Не е познато зошто се судат, но како што тврдат блиски извори на Брена и Боба, на нив им е важно да победат во судскиот спор.
„Нашиот пријател и сопственик на винаријата беше иницијатор на целата приказна. Подоцна станавме и кумови, мојот син Стефан го крсти неговиот син, тој е многу вреден човек и можеби најголем продавач на вино на овие простори“ изјави Боба во една прилика.
Семејството Живојиновиќ не се огласи по повод овие пишувања.