Кандидатот Ибрахим Хајрудиновиќ се појави во „Никогаш не е доцна“ и остави силен впечаток како со својата животна приказна, така и со своите вокални способности.
Ибро се пласираше во вториот круг, а откри и дека се дружел и со покојниот Шабан Шаулиќ.
Тој со години се занимавал со музика, но поради своите пороци не успеал да направи музичка кариера.
Ибро призна дека своевремено многу се коцкал и тоа го спречувало да успее во животот.
Го познавал Шабан Шаулиќ и едно време живеел кај него. Како што вели, Шабан бил прекрасен човек и често го советувал да престане да се коцка, но дека не го послушал.
„Живеев кај него….Беше прекрасен човек, да го слушав него…Јас ќе дојдем во Славија, ќе се напијам и ќе ги потрошам сите пари. Наместо да одам и да вежбам, јас повторно за Виена“, вели Ибро.
„Шабан ми велеше – „Немој, немој, немој“. Така ми викаше и брат ми“, признава Ибро и додава дека немал трема, но дека е незадоволен од неговиот настап.
„Не е тоа, тоа. Но, добро е…Само проблем е што се уште не дојдов при себе, немам сили, не можам да ја кренам дијафрагмата поради операција на грбот, но добро е“, вели Ибро.
фото: Дамир Дервишагиќ/прва тв принтксрин/принтскрин/тв прва/