Радио Милева кога и членството сфаќа со кого си има работа

Македонската манекенка и модел Билјана Стоиловска која живее и работи во Белград, јавно ја искина членската книшка на СДСМ! (ФОТО)

Македонската манекенка и модел Билјана Стоиловска која живее и работи во Белград, јавно ја искина членската книшка на СДСМ! (ФОТО)

Некогаш медиумски многу експонирана, денес повлечена зашто повеќе и не живее во Македонија, македонската манекенка и фото модел Билјана Стоиловска револтирана од неспособноста, инертноста, килавоста, корумпираноста…  на актуелната „криминална“ власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, на социјалните мрежи јавно обзнани вест со што ја шокираше јавноста. Особено онаа, чии припадници се партиски членови токму на „комуњарите“ од Бихаќка.

Имено, убавицата која последниве години живее и работи во Белград сподели фотографии на својот фејсбук профил, на кои најпрвин се гледа дека била член на СДСМ со членска книшка уште од 05.10.2001 година.

Билјана потоа покажала фотографија на која членската книшка ја искинала на парчиња, а покрај фотографиите ја раскажала својата приказна, во која ги наведува причините за ваквиот свој потег.

„Во принцип, избегнувам да пишувам статуси, особено затоа што воопшто не треба никому да се правдам за ништо, но доста ми е да ме напаѓате дека сум ВМРОвка поради тоа што не ја поддржувам моменталната власт. За сите што не знаевте, слободно можете да видите дека јас сум член на СДС уште од од 5 октомври 2001 година, но како можам да поддржам вакво владеење? Кога е нешто за пофалба секогаш сум поддржала, но кога е нешто за критика секако сум критикувала, без разлика на која политичка партија работи… Со оглед на тоа што во изминатите 5 години се случија многу лоши работи, ниту пак видов некаков напредок во нив, напротив не уназадија,  за 100 години, јас не сакам повеќе да бидам член на таква Партија ниту пак да ме поврзуваат со таа криминална банда. Овие парчиња сега одат во оган… И да,  јавно кажувам дека сега на 17-ти ќе гласајте за ВМРО“ – напишала револтираната манекенка, довчерашен член со партиска книшка на СДСМ.

Очигледно членовите на партијата на власт предводена од Заев пред избори гледајќи што се случува, не сакајќи своето име да го валкаат, а јавноста да го поистоветува со криминалните дејанија на одредени кругови во врвот на партијата, си заминуваат од неа, бегајќи без оглед на нивното досегашно долгогодишно партиско членство.

Конечно, јавно да го направиш тоа, кинејќи ја членската книшка на парчиња, сигурно не е без причина. А, причините ги гледаме сите, последиците  секојдневно ги трпиме и чувствуваме секој на своја кожа и свој грб со години. Затоа, вистинско веме е за промени! 

Фото: Фејсбук принтскрин/Biljana Stoilovska

 

 

To top