Иван Маринковиќ, ријалити учесник и поранешен сопруг на пејачката Гоца Тржан, предизвикал хаос во својот стан во Нов Белград, а потоа бил нападнат од неговата девојка Јелена Илиќ.
Траги од крв биле пријавени на 8 -миот кат, а вревата се слушнала и на деветти0т.
Кога по пријавата полицискката патролата дошла на адресата, било утврдено дека станува збор за учесник во реалното шоу „Парови“ Иван Маринковиќ, кој има повреди на левата рака нанесени со остри ножици од неговата девојка со која тој живее, која исто така е бивша учесничкк во „Парови“, пишува српски „Курир“.
Јелена е донесена во полициска станица, а Маринковиќ е испратена на преглед во амбулантното возило на Итната помош, која дошла на лице место.
Соседите пријавиле дека во станот каде што живеат Иван и Јелена како потстанари се слушнала врева и расправии и дека во ходникот наишле на локва крв.
Наводно, Иван Маринковиќ на својата вереница Јелена Илиќ во кавгата и задал 3-4 удари со отворена тупаница во пределот на главата (шлаканица), а таа го прободела со ножици во пределот на левата подлактица. Маринковиќ бил пренесен во КБЦ Земун, каде што му била констатирана убодна рана која крварела дури и кога полицијата дошла на местото на настанот и го нашла пред лифтот.
Полицајците ги зеле ножици како доказ, но Јелена рекла дека претходно ги измила.
Иван Маринковиќ и Јелена Илиќ разговарале со дежурниот службеник за семејно насилство, а дежурниот обвинител бил информиран за случката. Наводно, на Иван му била одредена итна мерка за иселување од станот, како и мерка забрана за приоѓање кон партнерката и дотогашното заедничко живеалиште.
Фото: Јутјуб принскрин/Дамир Дервишагиќ