Како и што се очекуваше, Златан Ибрахимовиќ веднаш стана вистински хит во Америка. Тој е секојдневно гостин во најгледаните и најслушани ТВ и радио емисии, од ден на ден неговата популарност низ Атлантикот се повеќе расте.
Неговото гостување во радио-шоуто на Дан Патрик ги насмеа фудбалските навивачи низ целиот свет.
На прашањето на водителот: „Знае ли што треба да се направи за развојот на фудбалот во Америка“? – Ибрахимовиќ рече дека знае како би придонел за развојот на фудбалот во САД, ама има еден проблем…
„Имам жена, имам две деца … Да бев слободен, Америка ќе имаше идни фудбалски таленти. Но, извинете, јас сум посветен на мојата сопруга и децата“ – изјави Ибра.