Никола Пауновиќ учествуваше во музичкото шоу „Операција Триумф“ во 2008 година.
Тој го покажа својот талент, но не успеа да стигне до финалето.
Никола ги освои симпатиите во шоуто, но неговото учество во „Операција триумф“ ќе се памети и по кавгата со Марина Туцаковиќ која тогаш беше дел од жирито.
Марина тогаш му порача дека тој никогаш нема да биде ѕвезда, а тој ја убедуваше дека потполно греши.
Изгледа дека текстописецот била во право бидејќи по завршувањето на „Операција триумф“, Никола не направи некој музички успех.
Со колегите го формираше бендот „ОТ бенд“. Тие настапуваа на „Биовизија“ во 2009 година со песната „Благослав за крај“, а после тоа снимаа уште неколку песни.
Еве како изгледа денес.
фото: N.Fifić/PrintscreenJutjub/Benjina19/instagram/Jutjub/ Benjina19