Како бомба одекна веста дека бившиот на Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо по раскинувањето на нивната 24 годишна врска, среќата ја пронашол со 14 години помладата ќерка на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ.
По овие написи се огласи Петар Грашо кој истакна дека никогаш не го коментирал својот приватен живот, па нема ни сега.
„Никогаш не ја користев јавноста како платформа за презентација за својот приватен живот, како во убавите, така и во лошите моменти. На тоа ќе останем верен“, изјави 45 годишниот музичар за „Јутарњи лист“.
По Грашо, вестите ги прокоментира и Хана Хуљиќ.
„Уште некое време нема да давам изјави. Кога ќе слегнат малку работите. Ви благодарам на разбирањето“, изјави кратко Хана.
Хана и Петар се познаваат неколку години, а во 2016 година заедно соработуваа на песната „Срце за водича“.
Инаку, Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ беа во врска 24 години, но раскинаа претходната година.
фото: инстаграм/стору.хр