Цеца Ражнатовиќ (48) вели дека би сакала да ги спакува куферите и да се врати да живее на село! Пејачката, по потекло од Житораѓа, тврди дека и е преку глава од Белград, каде живее веќе 32 години.
„Би сакала да се вратам да живеам на село, но обврските не ми го дозволуваат тоа … Се гушам во смогот во Белград, страдам…“ – вели Цеца и додава дека и нејзиниот син Вељко го сака селото, па затоа решил да живее кај дедото во Тител.
„Уште како дете го сакаше селото, бидејќи таквата средина му дава мир. Затоа таму ја изгради својата империја, во која ужива далеку од градот. За разлика од Вељко, неговата сестра Анастасија ужива во градот.
„Таа нема ништо против градот“ – вели Цеца која напорно работи на своите нови проекти.
„Преслушувам и некои нови песни, претпоставувам дека наскоро ќе започнам со снимање“ – вели Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic/Никола Анѓиќ