Текстописецот Марина Туцаковиќ ја изгуби битката со опасната болест на 19 септември, а беше погребена на 29 септември.
Таа напиша многубројни хитови, а некои текстови кои ги напишала сė уште не се објавени.
Марина секогаш кога имала инспирација пишувала песни за пејачите со кои соработувала, а последната песна која ја напишала ќе ја отпее Наташа Беквалац.
Песната е насловена „Излечена“, а се однесува на љубовниот живот на Наташа Беквалац и нејзините три разводи.
„Леле, не знаев дека тоа ќе го дознаете. Се наежив. Не можам да кажам дека таа песна ја лечи душата, подобро би кажала дека зборува за душата“ истакна Наташа во емисијата „Ексклузивно“.
Потсетуваме, Марина Туцаковиќ почина по борбата со опасната болест откако и се влоши состојбата, а и беше позитивна на коронавирус, па заврши на распираторот и за жал ја изгуби битката.
Погребот беше десет дена по нејзината смрт, бидејќи нејзиниот сопруг исто така беше позитивен на корона и беше во изолација. На последното испраќање на Марина во вечниот дом присуствуваа само најблиските членови на семејството и соработници, меѓу кои Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, Дејан Матиќ, Мина Костиќ..
фото: ата имагес/ инстаграм/наташа беквалац