Доајенот на македонската народна песна Никола Бадев и музичките уметници Зафир и Васил Хаџиманови заедно со уште неколку уметници се насликани на мурал во Кавадарци. Муралот се наоѓа на зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ и библиотеката „Феткин”.
Покрај музичките уметници на муралот се: ликовните уметници Глигор Чемерски, Петар Мазев и Симон Шемов како и публицистот Иван Мазов-Климе.
Автори на муралот се уметниците Никола Иваноски и Симона Манчева. Проектот е финансиран од Владата и е спроведен во соработка на Фрагмент Комуникации, Студио КР7 и КСП ПОДИУМ – ЈАДРО Кавадарци. Всушност се работи за поголем проект насловен „Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност“, во кој со вакви мурали на кои се претставени истакнати културни дејци а за да се одбележи 30 години од независноста на државата.