Радио Милева од продуценти во претприемачи...

Откако го продаде „Гранд“, Саша Поповиќ влезе во уште попрофитабилен бизнис, кој нема врска со естрада

Откако го продаде „Гранд“, Саша Поповиќ влезе во уште попрофитабилен бизнис, кој нема врска со естрада

Откако пред неколку месеци ги продадоа своите акции во „Гранд“, Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ започнуваат нов бизнис.

„Купија неколку парцели во белградската населба Бежанијска коса, а ние многу добро знаеме колку е баран тој регион во делот каде што е нивната семејна вила. Тие градат луксузни апартмани од 100 квадратни метри со големи балкони, но нудат и помали апартмани, дури и студија“ – вели добро информиран извор за српските медиуми.

Според неговите извори, една зграда од фирмата на Поповиќ е веќе распродадена, иако се уште е во изградба. Изворот додава и дека Сузана му се придружила на својот сопруг во нов семеен бизнис.

„Сузана се префрли во продажба, тоа е дел од нејзината работа, а и Сале ужива во тоа“ –  заклучува изворот, додавајќи дека Саша Поповиќ не може да биде класичен пензионер, поради што се свртел кон нова работа.

To top