Марина Гагиќ за еден месец на суд ќе се сретне со нејзиниот поранешен свршеник и таткото на нејзината ќерка Марина Гагиќ.
Тие на рочиштето ќе утврдат кои обврски ќе му припаднат на пејачот за воспитување на нивниот син. Како што пишуваат српските медиуми, Гагиќ бара потполно старателство над синот и алиментација од 500 евра. Нивните пријатели велат дека Гагиќ испаднала фер бидејќи ги земала во предвид финасиската состојба на Дарко и не барала многу пари.
Марина и Дарко веќе некое време комуницираат само во врска со нивниот син, а за се останато се договораат преку адвокатите. Гагиќ го тужи Дарко бидејќи не давал пари за детето, додека неговата мајка Бранка тврди дека тоа не е вистина и дека на поранешната свршеница и давал пари на рака.
Инаку, како се пишува, Марина неколку пати се обидела да разговара со Дарко за да се договорат за нивните обврски надвор од судот, но бидејќи беше невозможно одлучила да го тужи.
Марина неодамна и сама ги потврди овие пишувања.
„За еден месец го имаме првото судење, така да ќе видиме што ќе биде. Се слушаме околу детето, се договараме околу Алкесиј. Толку сме во контакт откако си заминав, другото ќе го решиме на суд“ ијави Марина.
Инаку, Дарко Лазиќ по раскинувањето со Марина започна врска со Барбара Бобак со која живее во Нови Сад. Неодамна, тие заедно се појавија пред камери, а Лазиќ истакна дека Барбара го финасисра.
фото: инстаграм/марина гагиќ