Радио Милева го „урна“ Инстаграм...

Бојана Нушкова е распродадена: Голата долгонога убавица можете да ја имате и во својата соба, над својата перница! (ФОТО)

Бојана Нушкова е распродадена: Голата долгонога убавица можете да ја имате и во својата соба, над својата перница! (ФОТО)

Македонската манекенка и фото модел од поновата генерација Бојана Нушкова не престанува да изненадувасо споделувањето „уметничка“ голотија! Речиси секој ден на нејзиниот  Инстаграм  профил и не само таму, осамнуваат нови скокотливи фотографии.

На неколку од последните, долгоногата убавица сликана како седната на возачкото седиште излегува од прекрасниот црвен автомобил, електричен „Тесла“ ќе да е, со раскопчан фустан,  доволно   разголена за да ви го однесе умот на „блудна“ помисла. Впрочем, млада згодна атрактивна, сексапилна, пожелна… зошто и не би? Автомобилот ионака многумина често го користат не само за возење нели, туку во него може „да се вози“ и додека е паркиран!  Може, ама ова не е тоа, што можеби некои веднаш си помислија! Да е така, не би имало јавно објавени фотографии на својот Инстаграм!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Овој пат долгоногата убавица се раскомоти со причина… Работна или поточно речено – уметничка. За уште една фотографија од нејзиниот еротско-уметнички црно-бел серијал. Во случајов, надополнет со симулирана ситуација од домашното секојдневие. Бојана „пиштол гола“ божем се обидува преку жица како затвореничка да избега од КПД Идризово?!

Идејата нејзина или на авторот на фотографијата, односно на разголениот црно-бел серијал Иван Ивановски, кому очигледно ова не му е прва средба „очи в очи“ со моделот… Или поточно, средба на фотообјктивот и остро око кое голото тело го следи, за еротска уметност која пари вреди.

Имено, Бојана и претходно  соработувала со него, што докажува неговиот уметнички потпис на претходните нејзини разголени фотографии преточени во…  Fine Art, кој може и да се купи!

 

Така, голата долгонога македонска убавица и вие можете да ја имате во вашата соба  над или карши вашата перница за 500, 800 или 1500  американски долари… Се разбира во зависност од тоа во која поза и големина ви се допаѓа!

„Убавицата не е баш евтина“ – ќе рече некој… Односно голото црно-бело уметничко видување на нејзиниот телесен раскош. Можеби е и така, ама фактите покажуваат нешто друго: Бојана Нушкова е веќе распродадена… Или барем една од нејзините арт пози.

Остануваат оние другите, веројатно вклучувајќи ја и оваа – најновата, со која Бојана Нушкова „го урна“ Инстаграм, откако ја сподели!

Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova/ivan_ivanovski

 

 

To top