Иван Тасовац (55) ненадејно починал вчера во својот дом во Белград откако му се слошило.
Екипи на Итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат, но без успех.
Тасовац е роден во 1966 година во Белград. Дипломирал и магистрирал клавир во Москва. За време на професионалната пијанистичка кариера имал голем број настапи во Италија, Швајцарија, Шпанија, САД, Русија, Белгија, Ирска, поранешните југословенски држави и останати земји.
Беше директор на Белградската филхармонија од 2001 до 2013 година. На позицијата министер за култура беше назначен во септември 2013 и оваа функција ја извршуваше до август 2016 година. Во јануари 2017 повторно беше именуван за директор на Белградската филхармонија.
Добитник е на голем број награди.