Откако пред неколку месеци го продадоа Гранд, Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ започнуваат нов бизнис, пишуваат српските медиуми.
Познато е дека Саша Поповиќ не може да не работи, па затоа смислил нова работа во која ќе ги вложи своите милиони од продажбата на продукцијата. Овојпат, во новиот бизнис ќе му помага и сопругата Сузана Јовановиќ.
Имено, како што пишуваат медиумите, парот одлучил да започне бизнис со недвижности.
„Купија неколку плацеви на Бежаниска коса, и тоа во близина на нивната куќа“ вели извор за Скандал и додава:
„Се градат луксузни станови од 100 квадрати со големи тераси, но во понудите имаат и мали станови, дури и гарсоњери“.
„Како што слушнав веќе распродале една зграда, поточно купени се сите станови додека се во изградба бидејќи така се поповолни цените, а Саша им излегува во пресрет на купувачите бидејќи знае дека се тешки времиња“, вели изворот и потенцираше дека и Сузана му се приклучила во новиот бизнис.
„Сузана е задолжена за проджбата, тој е нејзин дел од работата, но и Сале ужива“, вели соговорникот.
По овој повод, брачниот пар Поповиќ се уште не огласи да ги потврди или демантира овие пишувања.
фото: Петар Ѓорѓевиќ