Радио Милева како џеј ло и Ролинг стоунс?

Македонската пејачка – мераклика на поза одзади и среден прст: Изглед ала Џеј Ло, однесување како од „Задруга“!

Македонската пејачка – мераклика на поза одзади и среден прст: Изглед ала Џеј Ло, однесување како од „Задруга“!

Младата македонска пејачка Марија Груевска освен по учествотот во реалното шоу со неславен крај „На иста адреса“ и запазениот сценски настап на последниот „Макфест“, забележителна е и по екстравагандниот изглед во облекувањето  во ексцентрични костими и комбинации – дело на нејзиниот моден дизајнер Златко Јовановски.

Ама естрадата не би била тоа што е – своевиден „циркуз“, ако така и не се однесуваат нејзините протагонисти. Трачеви, скандали, голотија, шокантно однесување…  Она што имаат да го понудат како музика е една работа, ама за да си интересен и забележан во „естрадниот циркуз“ мора и ти да се однесуваш како циркузант!  Така и младата битолчанка… Овој пат не е во прашање нејзиното облекување – напротив! Марија облечена сосема пристојно, кежуал, во летна кошула и фармерки од светол тексас сакаше да го истакне најдоброто од себе, кога е најзиниот младешки сексапил во прашање…

Па затоа на камерата и го сврте грбот, само што никој не гледаше во грбот на фотографијата, туку во она, за што веројатно и самата сака да ја споредуваат  со славната Џенифер Лопез. И машала,  згодната битолчанка има со што да се пофали… Поза ала Џеј Ло на едната фотографија, ама однесувањето… како на оние од „Задруга“, скандалозното српско реално шоу.

Исплазен јазик и среден прст… покажан од момчето со неа! На фотографии кои сепак одат во јавност!

Случајно не ќе да е, а намерата само таа ја знае. Веројатно што повеќе да се привлече вниманието на себе…  Ако и била таа  поентата – целта е исполнета! Сите видоа! А коментарите отпосле… Слични како и однесувањето: Македонската пејачка е мераклика на поза одзади,  јазик и среден прст!

Или ако сакате рок ен рол асоцијација: Марија би да е згодна како Џеј Ло, а да е славна како „Ролинг стоунс“!

 

To top