Радио Милева на туѓа сметка

Дарко Лазиќ живее на грбот на новата девојка: „Барбара ме финансира и издржува“

Дарко Лазиќ живее на грбот на новата девојка: „Барбара ме финансира и издржува“

Пејачот Дарко Лазиќ пред неколку месеци раскина со Марина Гагиќ, мајката на неговиот син Алексиј, а од неодамна се пресели во Нови Сад каде што живее со новата девојка, пејачката Барбара Бобак.

Лазиќ многу е заљубен во својата нова партнерка, а откри зошто и прифатил Барбара да го издржува.

„Прекрасно ми е, посебно бидејќи Барбара плаќа сè, го полни фрижидерот, ми купува гардероба….Време е и јас да живеам на нечија сметка, а не цел јас на некој да плаќам. Преубаво е чувството“, вели Лазиќ за ало.рс и додава:

„Таа работи повеќе од мене и има повеќе пари“ .

На прашањето дали поради љубов се преслил во Нови Сад, тој вели:

„Да, сега живеам во Нови Сад и воодушевен сум од тој град. Живеам со Барбара и многу ми е убаво. Таа ме финансира и издржува“.

Инаку, Дарко од бракот од Ана Севиќ ја има ќерката Лорена, а со Марина Гагиќ го има синот Алексиј.

фото: принтскрин/тв пинк/амиџи шоу/ инстаграм/рас србија

To top