Радио Милева заканувачки пораки

Дарко Лазиќ е во нова неволја: Пејачот сподели бизарна фотографија со која не е свесен дека „си игра со животот“ (ФОТО)

Дарко Лазиќ е во нова неволја: Пејачот сподели бизарна фотографија со која не е свесен дека „си игра со животот“ (ФОТО)

Дарко Лазиќ повторно е во неволја поради водачот на навивачката група Принципи обвинет за најтешките злосторства, Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља и неговиот помошник Марко Миљковиќ, кого го знаат под прекарот Маре – Месар.
Овој пат, на пејачот му се заканија преку социјалната мрежа Инстаграм поради една навистина бизарна фотографија на која Лазиќ позира облечен како месар заедно со својата девојка Барбара Бобак и уште еден во јавноста непознат лик. Тројцата носат бели мантили испрскани со крв, а Барбара држи протеза за нога во рацете, што ги потсети корисниците на Инстаграм на злосторствата за кои се обвинети Веља, Маре и членовите на нивниот клан.

 

„Само ве зае*авајте се со Веља и Маре“ – се наведува во фотографијата од приказните на Инстаграм која кружи на оваа социјална мрежа, на која е споделена фотографијата. Но, тоа не е единствената заканувачка порака.

„Лазиќу – дебилу, оддамна знаеш што му должиш на Неволја, ќе се потрудам Веља да го види ова и нема да биде добро, верувај ми“ – се наведува во другата приказна. Инаку, името на Дарко Лазиќ беше ставено во контекст со Беливук откако пејачот беше испрашуван во полиција поради автомобилот „Мерцедес ЦЛК“ што и го подари на поранешната сопруга Ана Севиќ во 2014 година.

Се шпекулираше дека автомобилот подоцна бил продаден на човек кој наводно бил близок до кланот на Веља. Како што се пишуваше порано, проблемот со „мерцедесот“ настанал кога полицијата контролирала автомобил што бил паркиран кај Звездара во Белград во ноември минатата година. Се покажа дека регистарските таблички на него му припаѓале на друг автомобил, поточно на „Југо“, па автомобилот бил однесен на паркингот МВР со цел да се извршат сите потребни проверки.

To top