Радио Милева ултиматум

Александра Пријовиќ му забранила на Филип да се дружи со Марија Шерифовиќ?

Александра Пријовиќ му забранила на Филип да се дружи со Марија Шерифовиќ?

Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ од самиот почеток на нивната врска постојано се во центарот на вниманието на медиумите.

За популарната двојка се пишуваат разни приказни, а она што досега не беше познато на јавноста е дека пријателството меѓу Филип Живојиновиќ и Марија Шерифовиќ, наводно завршило поради Прија, пишува ало.рс

Како што тврди извор, снаата на Брена дознала дека Марија не ја подржува нивната емотивна врска поради што му забранила на Филип да се дружи со Шерифовиќ.

„Филип и Марија се дружија со години, беа куќни пријатели,имаа близок однос“, вели извор за ало.рс и додава:

„Одеа еден кај друг на родендени, излегуваа заедно, имаа исто друштво. Често се собираа по дома, патуваа и можеа да зборуваат за сè“ вели соговорникот.

„Сè беше супер додека не се “смуваа“ Александра и Филип. Марија кажа дека не ја подржува таа врска“ вели изворот за ало.рs.

„Со оглед на тоа дека беа блиски пријатели, тоа воопшто не беше чудно, Марија само си го кажа своето мислење. Проблемот настана кога слушна Александра. Таа тогаш направи хаос, се налути на Филип и се скараа. Тогаш му забрани да се дружи со Марија. Му кажа дека не може да биде близок со личностите кои не ја подржуваат нивната врска и побара да се дистанцира од неа“, тврди соговорникот.

„Тој беше толку заљубен во неа и го прифати ултиматумот. Се плашеше дека Александра ќе го остави, па се дистаницраше од неа и од други пријатели кои имаа исто мислење“.

„Затоа и Марија не дојде на нивната свадба. Тие денес немаат некаков однос. Кога ќе се видат ќе се поздрават и тоа е се. Најчесто, Филип времето го поминува со сопругата и новото друштво“, вели изворот кој е упатен во се.

фото: Инстаграм/александра пријовиќ/ марија шерифовиќ

To top