Радио Милева лицемерни должници

Марина Туцаковиќ оставила тестамент на вистината: Ги прозвала сите од естрадата кои ја заборавиле во најтешките моменти (ФОТО)

Марина Туцаковиќ оставила тестамент на вистината: Ги прозвала сите од естрадата кои ја заборавиле во најтешките моменти (ФОТО)

Марина Туцаковиќ која почина по долго и тешко боледување беше погребана во семејната гробница покрај нејзиниот син Милош, според нејзината последна желба.

Таа ја доживеа најголемата трагедија кога го загуби својот помал син во 2008 година, кој почина на 24 -годишна возраст. Таа им направи кариера на многу пејачи, за кои работеше до последниот ден, а како што дознаваме, Туцаковиќ наводно напишала и тестамент за време борбата против опаката болест.

Според српски извори, Марина зад себе оставила тестамент во кој е нејзиното наследство од музички дела, но и одредени имиња од музичката сцена за кои не сакала да слушне.

„Марина долго време беше болна и за време на нејзините третмани имаше време да размисли за се’ и да работи на бројни текстови за многу пејачи, со помош на нејзиниот син Милан Лаќа радуловиќ. За време на борбата против ракот, таа напиша и тестамент, бидејќи нејзината здравствена состојба варираше од ден на ден. Покрај пријателите и семејството, Марина во својот тестамент споменува бројни пејачи за кои работеше на нивните текстови во последните години, каде што посочи дека е разочарана од некои, и дека многу текстови останале недовршени, бидејќи им забележувала. Како што и самата јавно истакна непосредно пред нејзината смрт, додека беше во полна сила, многумина ја викаа и бараа кариера, а во последните месеци ги снемало, што предизвика револт кај легендарниот текстописец“ – вели извор близок до Марина Туцаковиќ, и додава:

„Многу пејачки и должеа огромни суми пари за текстовите, и го одолговлекуваа плаќањето, а од друга страна, јавно тврдеа дека се добри со неа и ја поддржуваат, како ништо да не се случува. Марина никогаш не сакаше тоа јавно да го истакне… Сите знаеме колку добар човек беше“ – додава нашиот извор.

Фото: Инстаграм принтскрин/marina.tucakovic

To top