Радио Милева го прекршила договорот

Нова војна меѓу холивудскиот пар: Анџелина Џоли и Бред се борат за имот вреден 164 милиони долари

Нова војна меѓу холивудскиот пар: Анџелина Џоли и Бред се борат за имот вреден 164 милиони долари

Францускиот имот „ Chateau Miraval“ кој го делат Анџелина Џоли и Бред некогаш имаше посебно значење за парот бидејќи таму се венчаа во 2014 година.

Анџелина сега е обвинета за продажба на нејзиниот дел, без да му даде дозвола на Бред Пит прв да го откупи нејзиниот дел.

Имотот вреди 164.000.000 долари, а поранешните сопружници станаа рамноправни сопственици дури кога Бред префрли 10% од уделот во сопственост на Анџелина, па тие повеќе не беа во износ од 60-40.

Наводно како дел од нивниот договор имало и ставка дека ќе мора да се консултираат ако сакаат да го продадат својот дел, а Анџелина не ја испочитувала.

Џоли во 2016 година поднесе барање за развод, а потоа парот доби поделено старателство над нивните пет деца.

Анџелина сака да има целосно старателство, а моментално има војна на тоа поле меѓу поранешните сопружници.

фото: Профимедиа

To top