Секој ден имате прилика да ја гледате водителката Лила Филиповска на ТВ екраните како го води квизот „Се или нешто“ чија 11-та сезона започна неодамна.
Лила како една од омилените водителки, често добива подароци, посебно од нејзините натпреварувачи кои знаат да бидат оригинални и да и подарат нешто уникатно.
Освен на ТВ, водителката е активна и на социјалните мрежи, па оние кои ја следат знаат за нејзините активности, каде е на одмор , како го поминува времето, што има ново…
Така беше и овојпат кога Лила на социјалните мрежи доби подарок од анонимен обожавател.
Како што објави во кусите приказни на Инстаграм, објави дека добила букет со црвени рози од анонимен обожавател, а со цвеќето оставил и порака.
„Храброст е да љубиш без да очекуваш нешто за возврат“.
Лила овој гест го објави во кусите приказни на „Инстаграм“, а дали тајниот обожавател ќе продолжи да и праќа подароци и ќе се крие како банкарот, останува да видиме.
фото: инстаграм/лила филиповска