„Една вечер ми се јави покојниот Џеј и ми рече дека екипата од неговиот Дорќол оди во кафеана на забава и дека сакаат да одам со нив. Отидовме во локалот каде што имаше многу професионални пејачи. Тоа беше навистина добро време.
И сега, додека седиме, ги гледаме скалите што водат надолу кон кафаната. Одеднаш, се појавува еден тип во гаќи за капење, вади пиштол од нив и почнува да пука. Пука во звучниците, пука во синтисајзерите. И сите легнаа под масите. Јас бев единствениот што остана да седи“, раскажува Бреговиќ и продолжува:
„Кога типот се изнапука – си замина, а луѓето почнаа да излегуваат од под масите. А потоа нов шок.
Едно момче со букет рози и се приближи и и’ го даде букетот на пејачката Мина, а друг извади прстен и ја побара за жена. После тоа, се тргна во поинаков ритам, како на свадба. И никој не повика полиција. Потоа, некои му забележаа на Џеј што не го повика момчето во гаќичките за капење што пукаше. Следниот ден, тој се јави самиот да се извини за инцидентот“ – раскажал Бреговиќ, пренесува „Мондо“.
Според тамошните медиуми, Бреговиќ рекол дека многу жестоки момци кога се’ било готово, му пришле да му честитааат на ладноокрвноста што имал цврсти живци, бидејќи единствен не легнал под масата кога се пукало, туку останал да седи.
„Ма какви јаки живци, јас се смрзнав… Останав заледен од страв, а и имам спори рефлекси“ – раскажал потоа Бреговиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/goran_bregovic_official/Јутјуб