Радио Милева приватен детаљ

Сашко Коцев слави годишнина од бракот со Смиљана: „Пред 9 години ова време ја врзував краватата“

Сашко Коцев слави годишнина од бракот со Смиљана: „Пред 9 години ова време ја врзував краватата“

Харизматичен, шармантен, професионален, омилен, најдобар се епитети кои го опишуваат македонскиот, познат актер Сашко Коцев.

Актерот кој е подготвен секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвена да зборува, но за својот приватен живот не сака да открива премногу детали.

Коцев на „Златна Бубамара“  ја побара за сопруга својата сакана Смиљана,  во 2012 година склопија брак, а во 2017 година станаа родители на нивната ќерка Јоана.

Сашко и Смиљана деновиве имаа убав повод за славење односно 9 години брак, откако ставија потпис во матично.

Коцев на својот Фејсбук објави фотографија од свадбата, а во описот напиша:

„Пред 9 години, ова време си ја врзував краватата“, напиша актерот.

Под објавата се нижеа честитки од неговите Фејсбук пријатели.

Честитки и од Вистина.ком.мк!

фото: фејсбук/сашко коцев

To top