Водителката на „Ново викенд јутро“, Јована Јеремиќ не само што е популарна во Србија, туку изгледа и во светот.
Водителката секогаш наоѓа начин да направи интересна атмосфера во студиото, да ги воодушеви гостите и публиката.
Водителката внесе и новитети во емисијата кога го внесе ѕвончето „Ring for kiss“ кое го користи кога има тензии во студиото и сака да ги смири „страстите“ меѓу гостите.
View this post on Instagram
Снимките од нејзината емисија се популарни на социјалните мрежи, а таа ги споделува со фановите.
Меѓутоа, она што најмногу привлече внимание е што еден корисник на Твитер ја спореди Јована Јеремиќ со Лејди Гага.
lady gaga is a news anchor now ?!? pic.twitter.com/PfGkpmhWhQ
— Krish (@enigmascandy) September 21, 2021
„Лејди Гага стана водителка?“, напиша тој на социјалните мрежи мислејќи дека Јована потсетува на познатата пејачка од почетокот на кариерата.
фото: тањуг/ап/принтскрин