Првиот основен суд во Белград го усвои предлогот за продолжена мерка забрана за приоѓање на Лука Лазукиќ, поради насилство врз сопругата Наташа Беквалац.
Забраната е продолжена на 30 дена, за српски Курир потврдува портпаролот на судот. Таа вели дека на Лука му се изречени мерки за оддалечување од станот, забрана за приоѓање и комуникација, а забраната ќе трае до 16-ти мај.
Ако ја прекрши мерката, веднаш оди во притвор.
Таа напоменува дека судот се уште ја чека кривичната пријава од полицијата, по што ќе биде закажано сослушување за Лука, Наташа и за дадилката која таа ноќ беше во станот каде се случи инцидентот.