Радио Милева не очекувала

Ja знаете како Токио од „La casa de papel“, а во приватниот живот е во љубовна врска со овој колега

Ja знаете како Токио од „La casa de papel“, а во приватниот живот е во љубовна врска со овој колега

Шпанската актерка и модел Урсула Корберо стана позната благодарение на хит серијата „La casa de papel“, чија последна сезона пристигна на малите екрани пред неколку дена и ги изненади сите обожаватели со развојот на заплетот.

32-годишната Корберо е родена во Барселона, а кога била мало девојче, се заинтересирала за глума.

Имала шест години кога за прв пат се појавила пред камера и глумела во шпанска реклама. Првата голема улога ја добила на 13 -годишна возраст, а во меѓувреме посетувала часови по фламенко и џез танц со глума.

Кога завршила училиште, се преселила во Мадрид за да продолжи со актерска кариера, а кратко потоа добила улога во ТВ серијата „Física o Química“.

Таа се појави во голем број серии и филмови, и честопати добива награди во Шпанија за нејзините улоги. Нејзината улога во животот дефинитивно е онаа Токио, од серијата „La casa de papel“.

Серијата го освои целиот свет за кратко време, и во тој момент Корберо почна да и се насмевнува на холивудска кариера.

Таа ја доби својата прва улога во серијата на англиски јазик во 2018 година, но продолжи да глуми во својата родна земја.

Шпанските медиуми ја следат Урсула долги години, а нејзиниот приватен живот првпат се најде под медиумскиот објкетив во 2008 година, кога се вљуби во актерот Израел Родригез, со кого беше во врска две години. Исто така, таа некое време го сакала тенисерот Фелисијано Лопез, а потоа три години беше во прегратките на актерот и модел Андрес Веленкос.

Од 2016 година, таа е во среќна врска со нејзината колешка Чино Дарин, кој го запозна на снимањето на серијата „La embajada“.

Аргентинецот и убавата Шпанка живеат заедно во Мадрид во последните две години.

Пред неколку дена, Корберо во интервју изјави дека улогата на Токио во серијата „La casa de papel“ ја промени не само нејзината кариера, туку и целиот нејзин живот.

“Мислам дека таа серија ќе промени сè за целиот тим, кој работеше заедно на сетот толку години. Сè и сешто ни се случи и сè тоа се убави работи”, рече Урсула во интервјуто.

Таа додава дека не очекува што ќе се случи. ”

„Сè уште не сум целосно свесна што ми се случува. Добивам повици од обожавателите од Индија до Бразил. Токио ме промени во сите правци”, заклучи актерката.

фото: гуливер имагес/инстаграм

To top