Неодамна започна снимањето на 5-та сезона на турската серија „Забрането јаболко“. Имено, во новото продолжение од серијата излегоа неколку ликови, а се појавуваат нови.
Сепак, главните актерки Шевам Сам и Еда Ече остануваат во серијата.
Меѓутоа, деновиве голем скандал ја тресе турската актерска сцена. Имено, поранешната актерка од „Забрането јаболко“, Шафак Пекдемир која ја играше улогата на Зехра е уловена во љубовна романса со оженет маж, односно вториот режисер на серијата „Забрането јаболко“.
Актерката и режисерот биле затекнати како се бакнуваат во кафуле во елитната населба Џихангир. Кога новинарите ги уловиле, Шафак се расплакала и им кажала што сака нека објават само на неа да не и додеваат, по што влегла во автомибилот и заминала.
Никој од нејзините колеги од серијата не сакаше да ги коментира овие случувања.
Потсетуваме, Шафак го напушти „Забрането јаболко“ во последната епизода од четвртата сезона.
View this post on Instagram
фото: инстаграм/ safakpkdmr