Деновиве медиумите во регионот се преполни со детали за немилиот настан кој и се случи на пејачката Наташа Беквалац која тврди дека е жртва на семејно насилство од својот сопруг Лука Лазукиќ.
Иако тој ги негира исказите и модринките по лицето на Наташа, таа веќе покрена постапка за развод и се исели од заедничкиот дом.
Многу колешки од естрадата се огласија со поддршка до пејачката, а вчеравечер тоа го направи и Северина Којиќ. Таа објави снимка од заеднички настап каде заедно со Наташа пеат на сцена.
-Балвалац, напиша Северина, а објавата ја дополни со симбол од срценце.