Кулинарското ТВ шоу „Брза кујна“ стана една од најомилените програми од ваков жанр кај нас, но и една од најгледаните воопшто ТВ содржини на која телевизија и да се емитува.
Новата сезона е на прагот, првите емисии веќе се снимаат, а екипата, онаа готвачко-водителската останува непроменета, зашто се покажа дека тројката, засилена во секоја емисија со уште двајца кандидати, работата си ја работи за петка!
Готвачкото дуо шефови – Марк и Никола имате впечаток дека и „од воздух можат да зготват нешто“, а кога имаат добри намирници, готват се’ и сешто. Или поточно, нема за што не може нивната кулинарска имагинација да им даде инспирација, а нивните вешти раце тоа да го претворат во зготвена кулинарска уметност на трпезата.
И додека тимот вредно се подготвува, а одбројувањето до почетокот на новата 7-ма сезона веќе е започнато, водителката Сања Савевска која се покажа како можеби најдобриот избор до сега за оваа позиција во „Брзата кујна“ и тоа како има, можеби не полни раце, ама затоа полна уста работа!
Вредно и посветено, со многу забава, Сања ги води и учесниците и ТВ гледачите низ шоуто, кореспондира и им помага и ним и на шефовите, секако колку може, знае и умее… Така е секогаш, така ќе биде и во новите емисии на најзабавното кулинарско шоу „Брза кујна“, кое многу наскоро започнува со емитување во својот редовен термин – 17.00 часот на ТВ Сител.
И додека Марк и Никола постојано се исто униформирани во секоја епизода, Сања има згода да бира гардероба. Впрочем, ем е дама, ем е лицето кое ги води нештата низ шоуто, па затоа редно е да биде секогаш стокмена, елегантна, дотерана, нашминкана… Но, секако не во иста руба! Неа униформа не и треба, ама затоа секогаш и треба нова гардероба, за ем да биде допадлива и модерна, ема да не биде монотона и здодевна!
И додека Сања менуваше одежда за секоја епизода, самата се улови во необична ситуација: Дека е облечена исто како еден познат лик од турска серија, што се емитува на истата телевизија!
Имено водителката, за едно од снимањарта облече карирано кусо фустанче над колена, без ракави и со деколте кое е шнирано со врвка… Исто какво што носеше еден од популарните женски ликови во една од епизодите на познатата турска серија.
„Како излезена од турска серија сум… Брза кујна или Немирно лето ? Сања или Мелек? Моите супер пријатели…“ – напиша водителката под фотографијата на која е сликана под ТВ екранот на кој се гледаат итаа и споменатиот лик од серијата, променети во иста руба
А, како и не би кога и спонзорот им е ист… Познатата турска марка конфекција која ја има и во Македонија… Ех, ништо без… пусто турско!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sanja_saveska