Најпознатиот српски текстописец, Maрина Туцаковиќ по тешко боледување, почина на 67 години.
Последните денови ги помина во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде што беше префрлена откако во вторникот и се влоши здравствената состојба.
Туцаковиќ беше позитивна на коронавирус и беше ставена респиратор, но не ја издржа борбата.
За потсетување, во 2018 година на Марина и беше дијагностицирано рак на дојка и отогаш се лекуваше. За жал, не ја издржа битката од опасната болест.
Туцаковиќ е еден од најпознатите регионални текстописци, има напишано голем број хитови за Лепа Брена, Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара, Ана Николиќ, Јелена Карлеуша…..
фото: ата имагес