Српскиот актер кој сите го паметат како Драгиша Попадиќ или Гига Моравац, од серијата „Бољи живот“ – Марко Николиќ (71) долго ги избегнуваше медиумите. Но пред извесен период за магазинот „Пас“, открива дека пред три години водел битка со ракот.
Во лекувањето, како што вели најмногу му помогнало неговото милениче – кучето Нинџа.
Секогаш велам дека Нинџа ме излечи. Лежев дома меѓу две хемотерапии и тој не го тргаше погледот од мене, што ме доведе до очај, бидејќи ми изгледаше како да се збогува со мене, вели Николиќ и додава дека кучето секогаш лежело покрај него, а актерот ја ставал шепата на местото каде бил болен.
Сега ти мене ќе ме излечиш, ќе ми ја пренесеш својата позитивна енергија и ние ќе го убиеме. И така лежевме додека не заспијам, па следниот ден нова терапија од него, така размислував. Потоа кога се беше во ред, му реков: „Мајсторе, па ти си терапевт! Ти мене ме излечи, раскажува Николиќ.
Иако долго не се појавуваше во медиумите, истакнува дека работи со полна пареа, а сеќавања на серијата „Бољи живот“ се уште му се свежи.
Како да беше вчера, коментира Гига.
извор: story.rsPas magazinAntonio
фото: Ahel/ATA Images, instagram