Пејачката Северина Вучковиќ, која долго време се бори за старателство над синот Александар, детално опиша како изгледа нејзината правна битка со Милан Поповиќ.
Во интервју за хрватските медиуми, Северина проговори и за приватната снимка од јахтата која ја придружува во текот на нејзината кариера, и како што тврди, е свесна дека повредила некои луѓе.
Сепак, таа не мисли дека на некого му должи извинување, освен на лицата што сега ги спомена за прв пат.
— Сакам на младите девојки да им порачам да бидат внимателни и да внимаваат што прават. Свесна сум дека има тројца луѓе што ги повредив со тоа и сакам да им се извинам. Тоа се децата и сопругата на мојот партнер од тоа видео. Ова се единствените луѓе на кои треба да им се извинам – изјави Северина за „Х –алтер“ и откри дека сака да биде таа што ќе ги сподели грешките од младоста со својот син:
– Изненадувачки е што од 2004 година до денес, никој не ги спомна страдањата на тие деца, а сега сите се многу заинтересирани за тоа како ќе го доживее мојот син, кој дури и не беше роден во тоа време. Свесна сум дека мојот син ќе се сретне со ова во одреден момент од својот живот, и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, ќе му кажам и би сакала да го слушне тоа од мене. Би сакала да цитирам филозоф помудар од мене, кој вели дека казната поголема од злосторството е криминал сам по себе – вели Вучковиќ.
За потсетување, во 2004 година се појави приватно видео на Северина Вучковиќ и Милан Лучиќ.
фото: инстаграм/северина