Марина Туцаковиќ во вторникот беше хоспитализирана во клиничката болница Драгиша Мишовиќ, каде и беше пружена целосна медицинска нега и е под будно око на докторите.
Покрај тешката малигна болест со која Туцаковиќ се бори со години, коронавирусот дополнително и ја влоши здравствената состојба.
Заменик директорот на болницата „Драгиша Мишовиќ“, проф. д-р Пеѓа Савиќ тврди дека текстописецот и понатаму е во животна опасност.
„Некаде прочитав дека Марина е симната од респиратор, жената е во многу лоша состојба. Прво, поради опасната болест, а коронавирусот дополнитлено и ја влоши здравствената состојба“, вели Савиќ за курир.рс
„Таа и понатаму е на респиратор, со метастази на белите дробови и короната….На интизивна нега е, во животна опасност. Од болница сигурно никој не кажал дека е надвор од животна опасност бидејќи тоа не е точно. Жената е во многу лоша состојба, не поради короната, туку поради малигната болест…Не личи на себе, се стопи, нема ни 40 килограми“, вели докторот.
фото: дамир дервишагиќ/принтскрин к1/принтскрин ртс