Ќерка на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топалковиќ го кажа судбоносното „да“ на емотивниот партнер кој ја запроси пред неколку дена.
Наследничката на Топалко се омажи во кругот на нејзините најблиски, а вестите за свадбата ги потврди и нејзиниот татко.
„Така е, Хелена се омажи. Ви благодам на честитките“, изјави пејачот за телеграф.рс
„Тоа е приватна работа и го правиме во кругот на семејството и пријателите“, додаде тој.
Хелена се омажи за поранешниот сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ со кого тој има и дете.
За оваа прилика таа облече бела венчаница со широк долен дел….
На „Инстаграм стори“, сподели неколку фотографии од свадбата, но и ги покажа бурмите на рацете на сега веќе нејзиниот сопруг.
За потсетување, партнерот на Хелена ја запроси пред неколку дена додека беа на заеднички одмор.