Радио Милева состојбата и се подобрува

Марина Туцаковиќ симната од респиратор: Се случи чудо?!

Марина Туцаковиќ симната од респиратор: Се случи чудо?!

По веста дека здравствената состојба на најпознатиот српски текстописец Марина Туцаковиќ дополнително се влошила заради тоа што била позитивна на Ковид 19,  таа беше префрлена од една приватна клиника во Клиничката болница Драгиша Мишовиќ, каде што беше ставена на респиратор.Сепак,  најновите информации кои пристигнуваат за нејзината здравствена состојба се оптимистички.

Имено, Марина наводно вчеравечер била симната од респираторот и се чувствувала многу подобро.

„Марина беше симната од респираторо во текот на вечерта и се чувствува многу подобро. како да се случи чудо?! Таа е жена со неверојатна сила и позитивна енергија се бори како лав со се’ што и се случува. Сите се надеваат на нејзино брзо закрепнување од коронавирусот и излегување од болница“ – открива изворот.

Да потсетиме, битката на Марина со ракот на дојката трае долго време, а нејзиниот син во преписка на Твитер откри дека ракот метастазирал во црниот дроб, белите дробови, мозокот и коските. И покрај се’, Марина не се откажува, а на нејзината упорност, позитивност и неверојатна енергија со која се бори како лавица против злобната болест, и се восхитуваа многумина, посакувајќи и што побргу да се избори за живот.

Фото: Дамир Дервишагиќ/ Ана Паунковиќ

To top