Прославениот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ (78) почина утрово во Белград.
Оваа страшна вест ја потврди првиот човек на КК Раднички:
„Во шест часот и 50 минути, Душан почина во болница во Белград како резултат на вода во белите дробови и херпес“, ќе изјави Горан Калиниќ кратко за Спорт клуб, додека официјалната вест за причинита за смртта стигна нешто подоцна, а во неа се вели дека срцето на кошаркарската легенда не издржало.
Душан Ивковиќ е роден во Белград на 29 октомври 1943 година. Тој беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња, секако најуспешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските првенства, каде освои медали во Загреб во 1989 година, Рим во 1991 година и Атина во 1995 година.
Тој исто така беше селектор на кошаркарската репрезентација на Србија од 2008 до 2013 година, а за тоа време освои сребро на Европското првенство и беше четврти на Светското првенство 2010 година.
Тренерската кариера ја заврши во 2016 година.
Како кошаркар играше на позицијата бек, а како тренер ги водеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Панионис, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.
Со националниот тим освои три европски златни и едно сребро, едно светско злато, сребро на Олимписките игри и злато на Универзијада.
Тој двапати ја освои Евролигата, беше шампион на Купот Радивоје Кораќ, Купот Рајмонд Сапорта, УЛЕБ лигата, беше шампион на Југославија, Грција и Русија со своите клубови, исто така ги освои натпреварите од Купот и Суперкупот во истите земји.
фото: Драгана Удовичиќ