Радио Милева до врвот

Илина Арсова се искачи на еден од најтешките врвови во Јужна Америка, а Игор Џамбазов и порача: „Те сакам супер – жено моја“

Илина Арсова се искачи на еден од најтешките врвови во Јужна Америка, а Игор Џамбазов и порача: „Те сакам супер – жено моја“

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов откако е во врска со алпинистката Илина Арсова не ја крие својата среќа и љубов кон саканата.

Тој е активен на социјалните мрежи, односно на „Инстаграм“ каде редовно објавува фотографии од неговите активности, со неговата сакана, знае да сподели некоја мудра мисла, да запее….

Тој не ја крие својата љубов со Илина, па често знае јавно да и упати некоја емотивна порака. Така беше и  овојпат, кога Џамбазов откри дека неговата сакана се искачила на врвот Arista Santa Barbara, еден  од највисоките и најтешките врвови за освојување во Јужна Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

-Пред неколку часа, Илина се искачи на врвот Arista Santa Barbara, 5790 метри, еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка. Te сакам супер – жено моја“, напиша тој на Инстаграм.

Под објавата следеа пофалби и честитки, а меѓу кои и од Елена Петреска, Пере Нокаут, Сара Мејс…

За потсетување, Илина Арсова е првата Македонка и една од 60-те жени во светот која ги искачи највисоките седум врвови на сите седум континенти.  Кон крајот на 2019 година се искачи на врвот Винсон, кој со своите 4.892 метри е највисок врв на Антарктик.

Во 2006-тата година го искачила Монблан, а во 2013-тата година стана првата жена од Македонија што го искачила Монт Еверест.

фото: инстаграм/игор џамбазов/илина арсова

To top