Марина Туцаковиќ која со години се бори со опасната болест, не се чувствува добро, а нејзиниот син преку Твитер побара помош истакнувајќи дека неговата мајка не може да дише.
Брзата помош на приватна болница пристигнале пред домот на Марина и брзо влегле во домот на познатиот текстописец, пренесуваат српските медиуми.
„Марина, моментално прима инфузија. Знаете таа е болна, лошо е, но се надеваме дека се ќе биде добро“ вели жената која работи кај Марина.
На прашањето дали Марина има корона, таа одговорила: „Кој ти знае“
.
„Одиме во црква да запалиме свеќа и да се помолиме за Марина“, изјави синот на Туцаковиќ
Медицинскиот персонал не биле расположени да откријат како се чувствува Марина.
фото: курир.рс