Сигурно се сеќавате на македонското шоу „На иста адреса“ кое заврши неславно, а во истото учествуваа неколку наши млади македонски пејачи меѓу кои и Александра Михова и Игор Митровиќ. Оттогаш помина доста време, но како што велат, убавите спомени никогаш не избледуваат, па веројатно и оние на Александра и Игор кои беа доста блиски за време на шоуто каде поминаа извесен период заедно.
Игор пред неколку месеци замина за Танзанија, а пак Александра веројатно носталгична по времето кога секојдневно беа заедно, му напиша на Фејсбук дека и недостига, а коментарот го дополни со фотографија на која се „залепени“ еден до друг.
Истата објава се најде и на профилот кај Игор, кој некако срамежливо си премолчи на ова, но сепак јавно истакна дека неговата пријателка и колешка мисли на него додека тој е многу, многу далеку од дома.
Летово бев да ја посетам мојата сестра во Танзанија и многу ми се допадна животот таму. Видов како се одвиваат работите, се заљубив во местото и како се функционира таму и поради тоа решив да се преселам и да си ја пробам среќата. Воопшто не ми беше тешко да се одлучам на ваков чекор, се уште не сум почнал да работам, но наскоро ќе го средам и тоа прашање, во моментов сум во преговори – откри Митровиќ за „Вечер“ пред неколку месеци.
Носталгијата и спомените очигледно не избледеле и кај двајцата, а дали постои нешто повеќе од тоа, си знаат најдобро самите, но јасно е дека постои повеќе од колегијалното, односно постои пријателство кое дури ни времето, а ни далечината не можат да го променат.