Радио Милева стегната, како нова...

Мадона комплетно „ремонтирана“: Поп кралицата се појави на Ем-Ти-Ви наградите препородена од темелната „доработка“ (ФОТО)

Мадона комплетно „ремонтирана“: Поп кралицата се појави на Ем-Ти-Ви наградите препородена од темелната „доработка“ (ФОТО)

Кралицата на поп музиката, Мадона (63), се појави на доделувањето на Ем-Ти-Ви наградите во, најблаго речено, шокантно издание. Променета сета во кожа и мрежести чорапи, речиси препородена, очигледно од темелната „доработка“.

 

Мадона го отвори овој престижен настан, и на самиот почеток рече:

„А рекоа дека нема да траам. Сепак, ние сме се’ уште тука! Среќни 40, МТВ! Добредојдовте на Ем-Ти-Ви наградите!“.

Очекувано, таа имаше својот перформанс на сцената и покажа дека се’ уште е полна со енергија и дека нејзе годините не можат ништо, сепак…

Нејзиниот задник, кој во 2019 година беше една од главните светски теми – силикони или не, исто така привлече големо внимание.

Мадона постави неколку фотографии на Инстаграм за на сите што ја критикуваа на социјалните мрежи, со истите зборови: „И тие рекоа дека нема да издржам“…!

Фото: Инстаграм принтскрин/madonna

 

To top