Иако претходната година се породи, македонската водителка Милена Антовска брзо се фати во форма, а наскоро ќе може да ја видиме и пред телевизиските екрани.
Водителката моментално е препуштена на мајчинските обврски и секој момент ужива со своето семејство.
Антовска одлучи да „избега“ малку од сите обврски и да си посвети време на себе, па посети сауна.
На својот Инстаграм профил, Милена сподели фотка од своите нозе и покажа како се релаксира.