Голема трагедија се случи на Денот на незавиност на Македонија (08.09.2021) во Тетово кога пожар ја зафати и пеплоса до темел моделурната ковид болница.
Во пожарот починаа 14 човечки животи, а уште 12 лица се потешко или полесно повредени. На територијата на цела држава е прогласена тродневна жалост, а знамињата се спуштени на половина копје.
Тага, бес, разочарување….владеат кај граѓаните во Тетово и Македонија.
Македонските јавни личности преку социјалните мрежи изразија тага за немилиот настан и сочувство до семејствата на починатите.
Македонскиот водител Ване Маркоски на својот „Фејсбук“ се огласи со емотивен статус за ова немила случка и истакна дека никогаш во животот не водел потешка емисија, мислејќи на Утринската програма на МРТ која заедно со колегите ја посветија на трагедијата во Тетово.
„Потешка и потажна емисија сум немал во мојот живот.
Најтешко е да се зборува со грутка во грло. Многу тешко.Тешко е кога помеѓу сите вести што ни пристигнуваа утрово, ти сакаш да кажеш нешто, некоја мала утеха, а сфаќаш дека си беспомошен и едноставно нема збор со кој ќе ја ублажиш оваа колективна тага, оваа трагедија.
Сочуство до моите сограѓани, до моите тетовчани
Во Тетово сите се познаваме едни со други. Со оваа трагедија сите изгубивме по некој свој, некој што го познаваме, пријател, сосед, познаник, сограѓанин.
Сочуство до сите семејства кои жалат денес.
Многу тажно. Многу“, напиша тој.
Инаку, Ване по потекло е од Тетово и својата водителката кариера ја започнал токму во локалната телевезија „Кисс“ во неговиот роден град.
фото: фејсбук/инстаграм/ване маркоски