Водителката Милена Антовска и нејзиниот сопруг Гордан Станковски ќе станат родители по вторпат.
Имено, водителката неодамна обзнани дека е бремена и дека повторно очекува девојче.
Антовска неодамна со семејството беше на одмор во Турција и сигурно ги наполнила батериите за новите ангажмани.
Меѓутоа, Милена сега направи мала, но впечатлива промена.Имено, таа посети фризерски салон и се одлучи да ја скрати косата, но и да ја осветли со руси прамени.
Русокоса?, праша водителката додека беше во фризерското студио.
„Мислам дека нема да ми стои, но затоа може вака“, напиша водителката.
Таа го покажа и крајниот резултат од разубавањето односно потскратената и осветлената коса.
Инаку, Милена и Гордан пред одморот во Турција го прославија 4иот роденден на нивната ќерка Лана Марија.