Мегафон фестивал

20 години „Битола отворен град“

20 години „Битола отворен град“

Овој викенд во Битола ќе се одржи 20-тото издание на фестивалот Битола Отворен Град во организација на МКЦ-Битола.

Токму фестивалот цели две децении обединува, креира и инспирира младинско учество преку музика и уметност низ општествен процес во кој поминале многу генерации.

Годинава во двата фестивалски денови, на две локации, во Пациото на музејот и локалитетот Хераклеја, ќе настапат бројни артисти и бендови.

The BalGuns (Грција), Stereo Banana (Србија), Кирил Џајковски (Македонија), Helem Nejse (Босна и Херцеговина), Love Itoya (Нигерија, Грција)…концертите се бесплатни, потребна е само регистрација на сајтот на МКЦ-Битола. Бројот е ограничен, согласно здравствените протоколи.

Летото никогаш не завршува за големи настани, порачуваат организаторите, затоа испланирајте го овој викенд за БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД.

To top